„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

by fokus

Продолжуваат нервозните реакции на дежурните критичари на игрите на среќа кои очигледно се активираат по потреба со далечинско управување. Немаат аргументи, се служат со навреди, невистини, измислени информации и приземен речник. Згора на се’ му наштетувааат на меѓународниот углед на државата, влегувајќи во конфликт со амбасадори од ЕУ. Разнишани се, бидејќи јавноста знае дека одработуваат за некој кој е во заднина и има за цел да си ги оствари своите бизнис интереси.

Еве ги 12-те конкретни прашања за кои јавноста се’ уште од нив нема одговори:

Дали и колку финансиски средства примиле во готово? По чиј налог се обидуваат да манипулираат со родителите на учениците? Колку чини и кој ги покрива трошоците за дизајнот и изработката на претходните пропагандни материјали и овие последните за герила маркетинг? Дали одработуваат да се затвори легален бизнис за некој да печали од интернет игри на среќа и играчници на црно, без контрола од државата? Дали така учениците ќе бидат во поголем или помал ризик? Кој ќе понесе одговорност за штетата што ќе следи? Зошто сакаат да остават 10 илјади луѓе без своите работни места? Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четири годишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Ја слушнале ли изјавата на албанскиот премиер Еди Рама на оваа тема? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде според нив припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или нечие друго друштво?

Бидејќи денес, тргнувајќи од нивната улога на пиони, изнесуваат невистинито тврдење дека сме злоупотребени, еве им уште ново, 13-то прашање: 10 илјади семејства си ја бранат чесната и легална егзистенција, кажете и на јавноста чиј матен бизнис интерес се крие зад вашите активности?

Уште еднаш повторуваме, се додека невистинито се претставуваат како наводни непрофитни активисти и не даваат конкретни одговори на многу конкретни прашања, за нас наместо движење „Антикоцкање“ ќе бидат Група која се залага „ЗА КОЦКАЊЕ НА ЦРНО“!

ЗДРУЖЕНИЕ НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА

САКАМ ДА РАБОТАМ

Поврзани новости