Сакал да ја пепелоса својата и куќата на брат му – истрага против тетовчанец

by Fokus

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило „тешки дела против општата сигурност“.

-На 9 април, осомничениот 57-годишник, намерно иницирајќи пожар во куќи во селото Мерово, предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Во вечерните часови на критичниот ден, тој најпрвин влегол во куќата на неговиот брат кој со неговото семејство живее во странство. Таму со запалка го запалил килимот во една од собите. Потоа осомничениот влегол во сопствената куќа и со запалка ја запaлил завесата во една од собите. На крај, предизвикал пожар и во плевна во близина на неговата куќа, причинувајќи голема имотна штета, и го напуштил местото на настанот, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека присуството на осомничениот во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди со друга мерка.​

Поврзани новости