Главниот осомничен, 19-годишник со потекло од Македонија признал се и веќе имал експлозивни направи во својот дом во Терниц. Како што пренесе Индекс.хр станува збор за Беран Алији, кој за време на сослушувањето не покажал знаци на каење и рекол дека сакал „да ги убие неверниците во Виена“.
Како што информираше австрискиот директор за јавна безбедност, Франц Руф, младиот човек работел на планот за напад од јули. Тој на крајот на минатиот месец си дал отказ од работа и рекол дека има „големи планови“. Откако ја напуштил работата, 19-годишникот го променил и изгледот за да го прилагоди на пропагандата на Исламска држава.
Тој веќе имал функционани експлозивни направи во својот дом во Терниц во источна Австрија. Во неговиот дом полицијата пронашла и бројни хемиски супстанци и технички средства. Тој наводно планирал со автомобил да влета во 20.000 фанови кои ќе стојат пред стадионот Ернст Хапел за време на концертот на американската мегаџвезда Тејлор Свифт, а потоа да ги нападне со мачети и ножеви.
Пријателите на 19-годишниот главен осомничен наводно биле ангажирани како обезбедувачи на концертот. Вториот уапсен е 17-годишник со турско-хрватски корени, кој веќе и бил познат на државната безбедност. Тој неколку дена бил вработен во фирма за објекти која во требало да врши услуги на стадионот, како што се снабдување со храна и пијалоци.