Сајтот на ДИК бил цел на напад

by Frosina Fakova

Веб страницата на ДИК била цел на напад од надвор, соопшти претседател на ДИК, Оливер Деркоски.

Тој на прес -конференцијата им се извини на граѓаните за техничките проблеми, рече дека не е ИТ експерт, но според неговите информации страницата била цел на напад од надвор. Тој вели дека нема да шпекулира за што се работи и рече дека во текот на вечерта ќе се знае што бил проблемот со сајтот на ДИК.

Од затворањето на гласачките места, сајтот на ДИК падна и изборните резултати не може да се видат.

 

Поврзани новости