Саити: Одлуката за укинување на пресудата за Панчевски е кристална

by Fokus

Немало политички влијанија во одлуката на Врховниот суд да ја укине пресудата на понискиот суд со што екс претседателот на Кривичен Владимир Панчевски излезе од затворот во Шутка.

Судијата Џемали Саити кој е дел од петорката врховни судии кои одлучуваа по барањето на Панчевски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, вели дека одлуката е кристална, на скопска Апелација и укажале на процесни повреди.

-Стојам целосно зад таа одлука. Воопшто, тврдам најодговорно. Одлуката е кристална, техничка. Се работи за повреда на процесни правила, и преку тие правила согласно праксата на Европскиот суд, не може да се надмине во Врховен суд. Така да, стои на располагање предметот пред Апелациониот суд да ги отстранат недостатоците и потоа повторно да се произнесе Врховен суд, вели Џемали Саити, судија во Врховниот суд.

Со одлуката на Врховен, Панчевски минатата недела излезе на слобода по само две недели откако почна да ја издржува две и пол годишната затворска казна. Тогаш од Врховниот суд образложија дека апелационите судии одлучувале без да го повикаат Панчевски за со адвокатот јавно да ја образложат жалбата и покрај нивното барање. Од Апелација потврдија дека го добиле предметот со укажувањата и наскоро ќе се закаже јавна седница.

-Предметот е вратен во Апелационен суд Скопје. Ќе биде закажана јавна седница за повторно одлучување.-Апелационен суд Скопје.

Екс претседателот на скопскиот кривичен суд, Панчевски, судот во Велес го осуди на 3 и пол години затвор заради злоупотреба на службената положба. Скопска Апелација потоа ја потврди пресудата но ја намали казната за една година.

 

Поврзани новости