Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески во придружба на потпретседателката на Комората д-р Елена Милевска Штрбевска, учествуваа на меѓународниот саем во Тирана на кој на заеднички штанд во организација на КИФ учествуваше 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан.
Во рамки на македонската делегација, претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „Агро Вардарие“, „Биомарел Шитаке“ „Даути Комерц“ и „Центрофрута“, преку Б2Б средби, промоции, дегустации,ги презентираа своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан.
Во присуство на амбасадорот на РС Македонија Н.Е. Данчо Марковски, претседателот Азески оствари разговори со бизнис делегацијата и околу можностите и програмите што ги нуди Коморскиот инвестициски форум за бизнис секторот.
По паузата минатата година, Меѓународниот саем во Тирана преставува добра можност за компаниите од регионот на ЗБ6 да ги презентираат своите производи, да ги зајакнат постојните и истражат нови можности за извоз, како и да воспостават нови деловни односи со партнери од Албанија, останатите земји од Западен Балкан или пак други земји.
Меѓународниот саем во Тирана, како најважен саемски настан во Албанија и како еден од најважните настани од својот вид во Западен Балкан, со излагачи од повеќе земји, и просечна посетеност од 20.000 гости од издание.
Поголема конкурентност на Западен Балкан, наместо создавање на конкуренција помеѓу земјите, значи подобра соработка, стабилен и поатрактивен регион, поголеми можности за привлекување на инвестиции и овозможување на подобри работни места за сите наши граѓани.
Заеднички треба да продолжиме да работиме во насока на уште подобра соработка на регионално ниво, да донесеме мерки со кои ќе ги унапредиме меѓусебните економски односи, а со тоа да дадеме сигнал за стабилен и сигурен регион, отворен за нови инвестиции и олеснување на сите трговски процеси.
Токму со поддршка од Коморскиот инвестициски форум, на овој саем за првпат се обезбеди заеднички штанд за компании од сиот регион, со делегација која брои 31 компанија од прехранбената индустрија и 6 водечки дистрибутери/синџири на супермаркети од шесте држави на Западен Балкан.
Гастрономијата и дружењето преку храна останува една од традиционалните форми на презентирање на Западен Балкан.
Во рамки на саемските активности Претседателот на Комората Бранко Азески заедно со господин Светозар Јаневски, член на бизнис советот на КИФ, остварија деловни средба со истакнатиот албански бизнисмен Васил Наци и најуспешните албански бизнисмени.
За компаниите учесници на саемот во организација на КИФ имаше организирано заедничко дружење (вечера).
Ваквите настани, на кои заеднички се презентираат производите и услугите на компаниите од нашиот регион, може да придонесат да се зацврсти и засили економската соработка во Западен Балкан, но и да се подигне конкурентноста на самиот регион, констатираа претседателот на Комората и копретседател на КИФ Азески во рамки на средбата и со Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на саемот во Тирана.