„Уставните измени ќе се спроведат по изборите. Сакаме или не, тие ќе се случат“ смета носителот на листа во Изборната единица 2од редовите на Европскиот фронт – Садула Дураку.
Членот на ДУИ на ТВ21 рече дека ваквото одолговлекување од ВМРО-ДПМНЕ се прави само за политички интереси пред изборите, но, според него, откако ќе завршат изборите и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати овие измени.
„ВМРО доколку се вистински државници, дека ја сакаат земјата, ќе ги спроведат уставните измени. А тие кои сакаат да добијат поени за еден ден или два за дневна политика, тие не ги спроведуваат уставните измени. Затоа ние го создадовме фронтот. Затоа сега имаме мисија која треба да ја завршиме. Не може оваа држава една ВМРО или СДСМ да ја води кај сакаат“ вели Дураку.
Дураку вели дека доколку не се спроведат истите, не може да постои ниту државата.
„Оваа држава не е само нивна (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), е и на Албанците, и на Ромите. Тие изигруваат господари на оваа држава како да е само нивна. Тоа е погрешно, голема грешка. Треба да го сменат пристапот“ смета тој.