Американскиот претседател Доналд Трамп го забрани влезот на странците кои доаѓаат од Бразил, земја втора во светот по САД по број на потврдени случаи на коронавирус. Трамп претходно им забрани на патниците од Кина, Европа, Британија и Ирска, а во помала мерка од Иран, да влезат во САД. Тој не презеде чекори за забрана за патување од Русија, која е трета по заразени со вирусот во светот.
Соединетите држави се први во светот со повеќе од 1,6 милиони потврдени случаи на коронавирус, а бројот на загинати се очекува оваа недела да надмине 100.000, покажуваат податоците на референтниот универзитет Џонс Хопкинс. Бразил, сега најтешко погодената земја од Латинска Америка, е втор со повеќе од 347,000 заразени и над 22.000 мртви. Русија е трета со над 344.000 пријавени случаи на инфекција и повеќе од 3.500 смртни случаи.