САД денеска објавија нова политика на визни ограничувања за жителите на јужнокавкаската република Грузија, откако тамошната влада го усвои контроверзниот закон за откривање на странско финансирање.
„Стејт департментот спроведува нова политика за ограничување на визниот режим за Грузија, која ќе се однесува на поединци одговорни или соучесници во поткопувањето на демократијата во Грузија, како и на членовите на нивните семејства“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Ова ги вклучува лицата одговорни за потиснување на граѓанското општество и слободата на мирно собирање во Грузија преку кампања на насилство или заплашување.
И покрај масовните протести, грузиската влада минатата недела одобри закон со кој се обидува да го ограничи странското влијание врз невладините организации со заострување на одговорноста на хуманитарните организации и независните медиуми кои добиваат повеќе од 20 отсто од својот приход од странски извори.
Противниците на законот стравуваат дека тој би можел да се искористи за прогон на дисидентите, по линијата на меѓународно критикуваниот закон против странски агенти во Русија.