САД воведоа санкции за четворица Руси обвинети за вмешаност во труењето на Навални

by Fokus

САД денеска воведоа санкции за четворица Руси кои ги обвинија за вмешаност во труењето на сега затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални во 2020 година.

Министерството за финансии на САД во соопштение наведува дека четворицата Руси кои се санкционирани се поврзани со Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Во соопштението за печатот на министерството се наведува дека денеска оваа информација ќе ја објави и американскиот Стејт департмент.

– Денеска го потсетуваме Владимир Путин и неговиот режим дека има последици не само за водење брутална и неиспровоцирана војна против Украина, туку и за кршење на човековите права на рускиот народ – стои во соопштението – пренесе Ројтерс.

Тие нагласуваат дека обидот за атентат врз Алексеј Навални во 2020 година го претставува презирот на Кремљ за човековите права и дека ќе ги искористат средствата што им се достапни за да ги изведат пред лицето на правдата потенцијалните џелати на Кремљ.

Поврзани новости