САД денеска воведоа санкции за поединци и субјекти во Белорусија кои ја поддржуваа руската војна во Украина преку производство на воени ресурси и испорака на стоки, соопшти американското Министерство за финансии.
Санкциите, наметнати против 19 поединци, 14 ентитети и еден авион, исто така се насочени кон оние кои се вклучени во избегнување санкции во име на белоруски одбранбени ентитети и генерирање приход за потесното опкружување на претседателот Александар Лукашенко, се вели во соопштението.
Акцијата беше преземена врз основа на извршната наредба потпишана од претседателот Џо Бајден во 2021 година, чија цел беше да се изврши притисок врз Лукашенко поради обвинувањата за репресии врз опозицијата за време на неговите 30 години на власт.
Белорускиот претседател ги негира тие наводи, пренесува Ројтерс.
Еден од субјектите цел на санкциите е Пеленг, водечка белоруска фирма која произведува компоненти за вселенски летала, сателити и воени возила, и која САД ја сметаат за важен индустриски партнер за Русија.
Американското Министерство соопшти дека овие мерки се преземени заедно со Канада и Британија.