САД воведоа санкции кон Иран поради сајбер-нападот врз Албанија

by fokus

САД воведоа санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и министерот Есмаил Хатиб, обвинувајќи ги дека се поврзани со сајбер-нападот врз Албанија.

Во соопштението на американското Министерство за финансии, се наведува дека иранската разузнавачка служба учествува во сајбер активности против САД и нивните сојузници.

Потегот на САД доаѓа откако Албанија ги прекина дипломатските врски со Иран во средата. Албанија го обвини Иран за сајбер нападот во јули и им нареди на иранските дипломати и персоналот на амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Поврзани новости