САД во Украина ќе испрати тенковски ракети со осиромашен ураниум

by Fokus

Америка во Украина ќе испрати тенковски проектили со осиромашен ураниум, кои редовно ги користи американската војска, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Станува збор за проектили кои се истрелуваат со голема брзина и можат целосно да го уништат секој тенк од голема далечина. „Ракетата погодува како товарен воз“, рече Скот Бостон, воен аналитичар во корпорацијата Ранд и поранешен артилериски офицер на армијата.

„Поставува огромна количина на кинетичка енергија на прецизна точка на непријателското оклопно возило“, додаде тој.

Во Белата куќа веќе се разговараше за можноста за испраќање на овие ракети во Украина, а некои официјални лица изразија загриженост дека тоа би можело да предизвика критики на Вашингтон за вооружувањето на Киев со оружје што има сериозни еколошки последици и може да предизвика непредвидливи реакции од Кремљ.

Британците веќе доставија такви гранати во Украина

Највисоките функционери на администрацијата на Бајден истакнуваат дека целта на САД е да ја поддржат Украина да напредува на бојното поле за Киев да биде посилен во евентуалните преговори.

Додека САД ги разгледуваа своите опции, Велика Британија веќе испорача тенкови Челинџер во Украина, заедно со гранати кои користат осиромашен ураниум за да навлезат во оклопот.

Важно е да се напомене дека иако осиромашениот ураниум се произведува од процесот на збогатување ураниум, тој самиот не предизвикува нуклеарна реакција. Според извештајот на Програмата за животна средина на Обединетите нации минатата година, „хемиската токсичност“ на металот претставува најголема потенцијална опасност и може да предизвика иритација на кожата, оштетување на бубрезите и да го зголеми ризикот од рак.

Поврзани новости