САД веруваат дека украинските сили можат да го заземат Херсон

by Fokus

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, денеска изрази уверување дека украинските сили можат да го преземат Херсон од руските сили.

„Кога станува збор за тоа дали Украинците можат да ја заземат преостанатата територија на западната страна на реката Дњепар и во Херсон, јас секако верувам дека имаат способност да го сторат тоа”, рече Остин на прес-конференција со неговиот јужнокорејски колега.

Градот Херсон се наоѓа на западниот брег на реката Дњепар.

Херсонската област е еден од четирите украински региони каде населението на референдум кон крајот на септември гласаше за присоединување кон Русија.

Поврзани новости