САД тврдат дека руската група „Вагнер“ набавила оружје од Северна Кореја за активностите во Украина

by Fokus

Приватната руска воена компанија, Групацијата „Вагнер“, добила пратка на оружје од Северна Кореја за да помогне во зајакнувањето на руските сили во Украина, што е знак дека се проширува улогата на групата во конфликтот, изјави висок претставник на амерканската администрација.

„Можеме да потврдиме дека Северна Кореја ја спровела првата испорака оружје за ’Вагнер’, кои платија за опремата. Минатиот месец, Северна Кореја испорача пешадиски ракети и проектили во Русија за употреба од страна на ’Вагнер’“, рече официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен.

Американската проценка заснована на разузнавачки информации што ќе бидат јавно обелоденета деенска, е дека количината на материјал испорачан од Северна Кореја нема да ја промени динамиката на бојното поле во Украина, „но ние сме загрижени дека Северна Кореја планира да испорача повеќе воена опрема на ’Вагнер’“, рече функционерот во изјава за западни агенции.

Американските власти веруваат дека испораката на оружје од Северна Кореја е директно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и тие планираат да го покренат тоа пред Советот за безбедност.

Поврзани новости