САД со санкции и за ќерките на Путин

by fokus

САД воведоа нови санкции против Русија за потесното опкружување на рускиот претседател Владимир Путин, вклучувајќи ги и неговите ќерки.

-Имаме причина да веруваме дека Путин и многу негови пријатели и олигарси го кријат своето богатство. Веруваме дека голем дел од имотот на Путин се скриени кај членови на семејството и затоа ги таргетираме нив со санкциите, рекоа од Белата куќа.

На списокот за санкции е и семејството на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

Ваквите мерки следуваат по новите обвинувања од Западот за воени злосторства во Украина откако во јавноста излегоа потресните слики и снимки со мртви тела по улиците на украинскиот град Буча.

 

Поврзани новости