449
Министерството за внатрешна безбедност на САД предупреди дека претстојната 20. годишнина од нападите на 11 септември, како и одредени верски празници, можат да поттикнат напади од екстремистите.
Но, оттаму не најавуваат ништо за конкретни закани, туку само за зголемен ризик од напади. Како причини кои би можеле да поттикнат напади се наведени расна и етничка омраза но и ограничувањата воведени поради пандемијата со ковид.
Ова предупредување се базира врз извештаи на разузнавачки агенции, пренесуваат американските медиуми.