66
Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска нагласи дека кинеските компании, како и другите во светот, не смеат да и даваат материјална помош на Русија, во спротивно „ќе се соочат со значителни последици“.
Министерот за финансии на САД, говорејќи пред новинарите на конференција во Кина, продолжи велејќи дека секоја банка „која ги овозможува трансакциите при набавка на воени или стоки со двојна намена на руската одбранбена индустрија ќе биде изложена на ризик да потпадне под американски санкции“.
Посетата на Јелен на Кина започна на 3 април, а ќе заврши на 9 април. За време на нејзиниот престој таа разговарала со бројни кинески официјални лица, пренесува Teletrader.