636
САД вчера воведоа санкции против руски компании и бродови кои работат на гасоводот Северен поток 2.
Но, санкции не се воведени кон операторот на гасоводот, компанијата „Норд стрим АГ“, директорот и соработниците.
Северен поток 2 предвидено е да има два крака од гасоводот од брегот на Русија преку Балтиочко Море до Германија, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно. Во изградбата на гасоводот учествуваат голем број европски компании.
Против изградбата на Северен поток 2 е Украина, која се плаши да не ги изгуби приходите од транзиотот на рускиот гас, како и Полска, Летонија и Литванија.