283
Соединетите Американски Држави се подготвуваат за значителни напади што би можеле да ги извршат иранските приврзаници на Блискиот Исток уште во текот на оваа недела, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.
Кирби им рече на новинарите дека во последните денови САД го зголемија бројот на силите во регионот.
Тензиите на Блискиот Исток ескалираа по атентатот на лидерот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран на 31 јули. Иран и Хамас го обвинија Израел за смртта на Ханија.