676
САД гледаат алармантни знаци на влошување на ситуацијата на руско-украинска граница и се подготвени за дијалог со Русија, но само во контекст на деескалација на тензиите, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на крајот на онлајн конференцијата со лидерите на тихоокеанските островски држави, што се одржа во Фиџи.
-Продолжуваме да гледаме многу загрижувачки знаци на ескалација… во близина на границите на Украина. Доколку Русија е навистина заинтересирана да ја реши оваа криза што ја создаде, ние сме подготвени да го сториме тоа преку дипломатија и дијалог, но тоа мора да се случи во контекст на деескалација, а досега од Москва видовме само ескалација, рече Блинкен.