САД санкционираа над 120 компании од Русија, Киргистан, Србија и ОАЕ

by Fokus

Соединетите Американски Држави денеска санкционираа повеќе од 120 руски, српски, киргистански и компании од Обединетите арапски емирати за помагање на руската агресија врз Украина.

Мерките конкретно го таргетираат пристапот на Русија до санкционирани материјали како што се електронските компоненти кои можат да се користат за воени цели, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.

„Овие санкции ќе ја спречат Русија да пристапи до критичните материјали, нејзините идни енергетски капацитети за производство и извоз, ќе ја ограничат нејзината употреба на меѓународниот финансиски систем и ќе ги спречат оние кои се вклучени во заобиколувањето на санкциите“, рече тој.

Меѓу санкционираните се руски банки, енергетски, поморски и технолошки компании, производители на оружје и седум руски истражувачки институти.

На удар се и неколку киргистански компании за кои САД тврдат дека ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите. Една од нив, RM Design and Development, испорачувала полупроводници и интегрирани кола за руските клиенти кои потоа ја снабдувале одбранбената индустрија, пишува агенцијата France Presse.

Киргистан денеска негираше дека ѝ помогнал на Москва да ги заобиколи западните санкции наметнати по инвазијата на Украина, но ја призна „можната“ вмешаност на приватни компании.

Амегино ФЗЕ, инженерска компанија со седиште во ОАЕ, е санкционирана затоа што исто така испратила десетици пратки во Русија од почетокот на војната, вклучително и критичните интегрирани циркути, соопшти Министерството за финансии.

Српската МЦИ Трејдинг ДОО Белград Палилула и нејзиниот директор Иван Цветиќ се санкционирани затоа што наводно служеле како посредници за високотехнолошки производи произведени во Азија, Европа и Блискиот Исток. Министерството за финансии соопшти дека Друштвото со ограничена одговорност АК Микротек, уште едно санкционирано лице со седиште во Русија, го користело MCI Trading за да купи десетици пратки.

Речиси 120 субјекти, вклучително и над десетина бродови, како и енергетски и бродски фирми, се погодени со економски казни како дел од координираната акција на Министерството за финансии и Стејт департментот.

Државниот секретар Антони Блинкен рече дека дејствијата „ќе ја ограничат Русија да пристапи до критичните материјали, ќе ги инхибираат нејзините идни капацитети за производство и извоз на енергија, ќе ја ограничат нејзината употреба на меѓународниот финансиски систем и ќе ги спречат оние кои се соучесници во затајувањето и заобиколувањето на санкциите“.

„Откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина, Соединетите Држави, работејќи со нашите сојузници и партнери, презедоа чекори без преседан за да наметнат трошоци на Русија и да промовираат одговорност за поединците и ентитетите кои ја поддржуваат нејзината нелегална војна. Ќе продолжиме да стоиме со Украина онолку долго колку што е потребно“, рече тој, пренесе агенцијата Анадолија.

Американските санкции забрануваат какви било трансакции со овие компании и го ограничуваат нивниот пристап до меѓународни финансии.

Поврзани новости