САД сакаат вакцинирање на лицата кои биле во контакт со заболени од мајмунски сипаници

by Fokus

Здравствените власти во САД се подготвуваат да ги вакцинираат луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, во време кога државата која во моментов има пет веројатни или потврдени случаи на инфекција очекува тој број да се зголеми.

– Сакаме да ја максимизираме дистрибуцијата на вакцини на оние за кои знаеме дека ќе имаат корист, изјави Џенифер Меквистон од Центарот за превенција и контрола на болести.

– Станува збор за луѓе кои биле во личен близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, а особено луѓе кои се изложени на ризик да развијат потешка форма на болеста, рече таа на прес-конференција.

Еден случај е потврден во државата Масачусетс, а четири се анализираат, но се сметаат за многу веројатни, еден во Њујорк и Флорида и два во Јута. Сите случаи се кај мажи кои патувале надвор од САД.

Поврзани новости