САД сака да му продаде на Тајван оружје вредно милијарда долари

by fokus

Американската администрација  е подготвена на Тајван да му продаде оружје во вредност од над една милијарда долари, бидејќи тензиите меѓу САД и Кина се зголемуваат околу статусот на овој автономен остров, наведуваат американски официјални претставници запознаени со ова прашање.

Продажбата на оружје од 1,09 милијарда долари вклучува ракети воздух-море „Харпун“ за 355 милиони долари и ракети воздух-воздух „Сајдвиндер“ за 85 милиони долари, соопштија официјални лица.

Тие додаваат дека најголемиот дел од 655 милиони долари биле за пакет логистичка поддршка за тајванската радарска програма за надзор, што обезбедува рано предупредување на противвоздушната одбрана.

Системите за рано предупредување на противвоздушната одбрана станаа поважни бидејќи Кина ги засили воените вежби во близина на Тајван, за кој тврди дека е нејзина провинција.

Поврзани новости