568
Русија почна да ги репозиционира силите околу Киев, соопштија САД.
Русија почна да преместува 20 отсто од своите сили распоредени околу главниот град на Украина Киев, соопшти вечерва Пентагон.
Сепак, портпаролот Џон Кирби предупреди дека очекува Русија да ги обнови трупите и да ги врати на бојното поле наместо да ги врати дома.
Кирби рече дека некои од руските сили можеби веќе се преселиле во Белорусија.
Како што пренесоа некои светски агенции, Пентагон соопштил и дека Русите се повлекуваат од Чернобил.