Американскиот Стејт департмент се огласи по денешната одлука на Европскиот совет за Македонија и Албанија и изрази разочараност.
-Соединетите држави ја поддржуваат заложбата на С.Македонија и Албанија за трансатлантска и европска интеграција. Ние сме разочарани што Европскиот совет не ги препозна реформските подвизи на двете земји и не одобри почеток на пристапни преговори. Позитивна одлука ќе значеше потврдување на кредибилитетот на европскиот пат и силно ќе ги одбиеше злите актери кој сакаат да ги подријат западните вредности и Евроатлантската заедница. Ние разбираме дека Европскиот совет не рече „не“ ниту за Албанија, ни С.Македонија, ниту ЕУ воспостави нови услови за отворање на пристапни преговори. Се надеваме дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за двете држави на Самитот идниот мај.
Соединетите држави остануваат стратешки партнер на С.Македонија и Албанија за да продолжат да го зајакнуваат владеењето на правото, понатамошните напори против корупцијата, развој на нивните економии и во борбата со организираниот криминал. Ние ги охрабруваме двете земји да останат доследни во градењето на транспарентно, базирано на правила, демократско општество кое одговара на потребите на граѓаните. Соединетите држави ќе продолжат да работат со европските партнери за унапредување на споделените цели за стабилност и безбедност на Западен Балкан- пишува во соопштението на Стејт департментот.