САД размислува да остане дипломатски присутен во Кабул и по евакуалцијата

by fokus

Талибанците бараат од САД да го задржат дипломатското присуство во Авганистан по повлекувањето на американската војска, јави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на свои извори.

САД очекуваат до 31 август да ја завршат операцијата за евакуација на луѓето од Авганистан и до тој датум да ги повлечат своите војници од земјата. Како што забележува „Вашингтон пост“, одржувањето на дипломатско присуство во Авганистан најверојатно ќе доведе до обнова на работата на американската Амбасада во Кабул.

Според весникот, Вашингтон ја испитува можноста за одржување дипломатско присуство во Авганистан, но конечна одлука сè уште не е донесена. Покрај тоа, според извори на „Вашингтон пост“, САД се вклучени и во преговори за идно управување со аеродромот во Кабул.

Поврзани новости