Американските власти денеска соопштија дека распоредуваат шест морнарички авиони специјализирани за електронско војување и околу 240 припадници на морнарицата со цел да се зајакне одбраната на НАТО во Источна Европа.
Пентагон соопшти дека авионите EA-18G Гровлер од нивното седиште на островот Виби во државата Вашингтон денеска ќе пристигнат во воздухопловната база Спангдалем во Германија, каде што ќе бидат стационирани. Тие не се наменети за употреба во Украина.
Ситуацијата на теренот во Украина е променета, руските сили главно остануваат на одбранбени позиции во областите на главниот град Киев и полека напредуваат во другите делови, изјави анонимен претставник на одбраната, јавија американските медиуми.
Тој додаде дека САД веруваат оти украинските војници го вратиле градот Тростјанец, во источниот дел на земјата, и дека приоритетните операции на Русија се во Донбас и намалување на оние во областа на Киев.