412
Американскиот помошник-заменик државен секретар, Пабло Ескобар, за време на сослушувањето во поткомитет на Претставничкиот дом на Конгресот, потенцираше дека Македонија и Албанија мора да започнат преговори со Европската унија до крајот на годината.
Исто така тој спомена дека САД работат и на прашањето за отфрлањето на правата на ОМО „Илинден“ од страна на бугарските власти.
Ескобар до конгресмените рече дека „нашиот амбасадор во Софија работи со европските партнери за решавање на овие прашања“ и дека партнерството со Бугарија исто така се заснова на „заеднички вредности“ и „сѐ што ги нарушува односите засновани на вредности е голема грижа за нас“.