507
САД соопштија дека ги суспендираат сите визи ширум светот, поарди глобалната пандемија на новиот коронавирус.
Американските амбасади и конзулати сепак ќе ги разгледаат визите за итни случаи доколку имаат соодветен персонал, соопшти Стејт департментот.
„Како одговор на значајните светски предизвици поврзани со пандемијата Ковид-19, Стејт департментот привремено ги суспендира визните услуги во сите амбасади и конзулати на САД“, се вели во соопштението.
Нема одреден датум кога ќе продолжат да издаваат визи.