Американската влада смета дека моменталната политичка ситуација поттикнала сериозни прашања како за македонските граѓани, така и за меѓународните пријатели и партнери на Македонија.
Официјалниот портпарол на САД што го изјавил ова додал и дека американската влада со загриженост ги следела политичките превирања во Македонија со аферата за прислушување и случајот „Пуч“, објави Гласот на Америка.
Според портпаролот, Стејт департментотг ги повикал македонските власти да се придржуваат до највисоките стандарди на правната држава, транспарентноста, заштитата на слободата на говорот и судската независност, како и да обезбедат интегритет на демократските процеси во Македонија.
За наводите во некои од македонските медиуми дека САД би можеле да поништат визи на одредени македонски граѓани, портпаролот рекол дека американскиот закон предвидува дека може да не се издаде или да се повлече една виза и дека таквите информации се јавно достапни на Интернет-страницата на Бирото за конзуларни прашања на Стејт департментот.