САД подготвуваат уште 45 милијарди долари за Украина, тврди Зеленски

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им соопшти на украинските амбасадори дека САД подготвуваат дополнителни 45 милијарди долари за Украина и глобалната безбедност.

Зеленски по враќањето од Вашингтон повторно и се обрати на јавноста од Киев и вети победа во војната со Русија, а на украинските амбасадори им навести дека САД подготвуваат уште еден пакет помош за Украина во износ од 45 милијарди долари.

Украинскиот претседател се заблагодари и на Холандија за ветената помош од 2,65 милијарди долари, што наредната година ќе биде инвестирана во обновување на уништената инфраструктура и набавка на воена опрема.

Руските напади врз украинската инфраструктура продолжуваат и денеска, а во изминатите 24 часа загинаа најмалку шест цивили, додека 18 се ранети, соопшти денеска украинската Влада.

Поврзани новости