САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина во вредност до 400 милиони долари, изјавија денеска двајца анонимни официјални лица за Ројтерс, додавајќи дека објавата се очекува во текот на денот.
Ова е прв ваков потег по неколку месеци, додека дополнителните средства за Киев се блокирани во Конгресот од републиканските лидери.
Еден од изворите рекол дека финансирањето за новиот пакет воена помош доаѓа од заемите што му се вратени на Пентагон за најновите набавки.
Претседателот Џо Бајден ја поддржува Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, додека неговиот најверојатен ривал на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, има поизолационистички став.
Претставничкиот дом е под притисок да одобри пакет помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Индо-Пацификот. И додека Сенатот даде зелено светло, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон се спротивставува на ставање на законот на гласање.