Американските власти денеска ја повикаа Русија да ги прекине воените операции околу нуклеарната централа Запорожје во Украина и додадоа дека го поддржуваат барањето на Киев за создавање демилитаризирана зона во областа.
– Борбите во близина на нуклеарната централа се опасни и неодговорни, рече портпарол на Стејт департментот, додавајќи дека САД и натаму ја повикуваат Русија да ги прекине сите воени операции околу нуклеарната централа и да ја врати под целосна контрола на Украина.
Портпаролот додаде дека САД „ги поддржуваат украинските повици за создавање на демилитаризирана зона околу нуклеарната централа“.
Тој додаде дека САД „ги поддржуваат украинските повици за создавање на демилитаризирана зона околу нуклеарната централа“.
Таа област денеска повторно беше бомбардирана, а Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за тие напади.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на опасност од нуклеарна катастрофа, пред итниот состанок на Советот за безбедност на ОН на оваа тема, по барање на Русија.