Откако пратениците од владејачкото мнозинство не дадоа поддршка на барањата за измените на законот за заштита на сведоци и продолжување на мандатот на СЈО, реагираа и од Амбасадата на САД во Македонија, повикувајќи ги партиите да дадат поддршка на СЈО.
-Ги охрабруваме сите партии да се придружуваат до обврските кои ги преземаа според Договорот од Пржино и договорот од 20 јули, а со кои треба да се осигураат веродостојни избори, непречна работа на Специјалното јавно обвинителство, и на независните набљудувачи на медиумите. Воспоставување на одговорност за неовластеното прислушување и обвинувањата за злоупотребите од власта се круцијални за излез од политичката криза во која се наоѓа Македонија. Веруваме дека барањата на СЈО за поддршка на темелна и независна истрага се разумни- пишува во реакцијата на амбасадата.
Претходно и Делегацијата на Европската Унија во Скопје ги повика потписниците на Пржино да ја поддржат работата на СЈО.