САД: Одлуката на Орбан да се сретне со Путин е проблематична

by Fokus

САД денеска соопштија дека се загрижени за односите на Унгарија со Русија.

Тие сметаат дека е „проблематична“ одлуката на унгарскиот премиер Виктор Орбан да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

„Одлуката на Орбан да се сретне со Путин е проблематична“, соопшти американската амбасада во Будимпешта.

Орбан имаше билатерална средба со Путин на маргините на форумот „Појас и пат“ што се одржа оваа недела во Пекинг. Тие тогаш се сретнаа за првпат откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Поврзани новости