САД: Невреме и торнадо во Алабама, најмалку шест мртви

by Fokus

Најмалку шест лица загинаа во невремето и торнада што вчера го погодија центарот на Алабама, изјави гувернерот на Алабама, Кеј Ајви.

– Моите молитви се со семејствата на починатите. На сите ни е премногу познато лошото време, но нашите луѓе се отпорни. Ќе го преживееме ова и ќе бидеме уште посилни – додаде Ајви, пренесува Ројтерс.

Вчера гувернерот прогласи вонредна состојба во шесте области на Алабама кои беа најтешко погодени од невремето.

Поврзани новости