208
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека САД не биле вклучени во бранот експлозии што се случија во Либан вчера и денеска.
– Ние на ниту еден начин не бевме вклучени во вчерашните или денешните инциденти, изјави Кирби попладнево на брифинг.
На прашањето дали е загрижен дека експлозиите би можеле да доведат до ескалација, Кирби рече: „Сакаме да видиме крај на војната и сè што направивме од почетокот е осмислено да спречи ескалација на конфликтот“.
– САД продолжуваат да веруваат дека постои дипломатски пат напред, нагласи Кирби.