За време на вчерашната посета на Киев, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најавија постепено враќање на американските дипломати во Украина и посочија дека ќе биде номиниран нов амбасадор.
Се очекува денеска американскиот претседател Џо Бајден и официјално да ја назначи Бриџит Бринк за амбасадор на САД во Киев, која моментално е амбасадор на САД во Словачка, јавуваат американски медиуми.
Блинкен и Лојд се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други високи украински претставници, соопшти денеска Стејт департментот.
За време на посетата, американските власти ветија дека САД ќе обезбедат воена помош од 713 милиони долари за украинската влада, но и за околните земји кои стравуваат од напади.
На медиумите не им беше дозволено да ги следат американските дипломати, а Вашингтон ја потврди информацијата за посетата доцна синоќа, откако тие се вратија во Полска на безбедно.