САД најави две милијарди долари помош за Украина и уште 18 сојузници, меѓу кои и Македонија

by Fokus

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска најави голема воена помош од две милијарди долари за Украина и уште „18 земји“ кои се во потенцијална опасност од руска агресија, вклучително, како што соопшти Стејт департментот, Северна Македонија, Косово, Црна Гора и БиХ.

Блинкен изјавил дека американската администрација обезбедила две милијарди долари долгорочна воена помош за Украина, како и за 18 други земји, пренесе АП.

Тој не прецизираше за кои земји станува збор, но наведе дека меѓу нив има членки на НАТО и „регионални безбедносни партнери“ за кои, како што наведе, постои најголем ризик од можна идна руска агресија, пренесува АП.

Додека се чека одобрување на Конгресот, се знае дека околу една милијарда долари ќе бидат наменети за Украина, а остатокот ќе се распредели во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грузија, Грција, Косово, Латвија, Литванија, Молдавија, Црна Гора Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија, објави Стејт департментот.

Поврзани новости