САД му порача на Косово да се приклучи кон „Отворен Балкан“

by fokus

Амбасадата на САД во Приштина го повика Косово да им пристапи на иницијативите за регионална интеграција.

„Ја повикуваме Владата да се приклучат на регионалните напори за економска интеграција со отворен ум и да усвојат решенија што даваат резултати за граѓаните на Косово, а истовремено да ги подобрат врските со своите соседи“, велат од Амбасадата на САД во Косово за Радио Слободна Европа.

Коментирајќи ја позицијата на Владата на Косово да не се приклучи на иницијативата „Отворен Балкан“, во која учествуваат Албанија, Србија и Северна Македонија, со образложение дека нема визија за регионот, американската амбасада во Приштина смета дека посилна економска и политичка интеграција е „од суштинско значење за одржлив мир и просперитет“.

Поврзани новости