Шведскиот пратеник Магнус Јакобсон поднесе иницијатива за номинирање на владите на САД, Србија и Косово за Нобеловата награда за мир.
Како што соопшти, бил поттикнат од Вашингтонскиот договор меѓу Белград и Приштина за нормализирање на економските односи, за кој смета дека го трасира патот за постигнување мировен договор меѓу двете страни.
Овој демохристијански политичар на својот профил на Твитер напиша дека денеска ја предал номинацијата до Шведската академија на науките, која ги доделува Нобеловите награди.
„Затоа сакам да ги номинирам Владата на Соединетите Американски Држави, Владата на Косово и Владата на Србија за Нобеловата награда за мир, бидејќи овој договор има за цел да го елиминира ризикот од нови конфликти на Балканот и води поблизу до мир и меѓусебно признавање“, напиша тој на Твитер.