116
Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека САД ќе продолжат да ги „санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот“. Нејзината изјава следи по објавата на Стејт департментот дека Анѓушев е ставен на црната листа, со што му се забранува влез во САД.
„Ќе следуваат повеќе означувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени“, напиша Агеле на Фејсбук страницата на амбасадата на САД во Македонија.