САД ќе ja продолжат соработката со Владата и по оставката на Заев

by Fokus

Американската амбасада во Скопје соопшти дека САД ќе продолжи да соработува со Владата и по оставката на премиеорт Зоран Заев. Ова дипломатското претставништво го објави за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на барањето да ја искоментира најавата за оставка на премиерот Зоран Заев по вчерашните локални избори.

-САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција, се вели во коментарот на амбасадата на САД.

Претседателите и потпретседателите на коалиционите партнери на СДСМ по средбата со Заев изјавија дека парламентарното мнозинство е стабилно.

Заев ја поднесе оставката откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ победи во поголемиот број на општини на локалните избори, а ја доби и трката за Град Скопје.

Поврзани новости