581
САД денеска соопштија дека ја преместуваат својата амбасада од Киев во западниот украински град Лавов, наведувајќи го како причина „драматичното забрзување“ на распоредувањето руски сили долж украинската граница.
– Амбасадата ќе продолжи со својата работа и ќе соработува со украинските власти, изјави американскиот државниот секретар Ентони Блинкен.
Тој упати повик до сите останати американски граѓани во Украина „веднаш да ја напуштат таа држава“.