540
Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц се согласија денеска да испратат борбени возила за да и помогнат на Украина во борбата против Русија, соопшти Белата куќа.
– САД имаат намера да и достават на Украина борбени возила за пешадија „Бредли“, а Германија има намера да и обезбеди на Украина борбени возила „Мардер“. Двете земји планираат да ги обучуваат украинските сили за соодветните системи, се вели во соопштението на Белата куќа.
„Бредли“ е оклопно возило со моќен топ, а за потребите на американската армија на боиштата се користи од средината на 1980-тите.
Киев побара од САД да испратат тенкови „Абрамс“ во Украина, што Вашингтон се уште не го одобри.