САД ќе и дадат касетни бомби на Украина

by Фокус

Во очекуваниот нов пакет воена помош на САД за Украина, за прв пат ќе има и касетна муниција, јавија повеќе големи американски и светски медиуми.

Одлуката на Вашингтон, која веќе предизвикува контроверзии, доаѓа во период кога украинската офанзива за ослободување на териториите окупирани од Русија оди бавно и со голем број на човечки жртви.

Касетната муниција, често наречена и касетни бомби, претставува канистер кој во себе носи десетици до стотици мали бомби, наречени подмуниција. Канистрите можат да бидат исфрлени од авион, испалени во проектил или од артилерија, бродски топови и ракетни фрлачи.

Кога канистерот ќе ја достигне програмираната височина или локација, тој се отвора и од него излетуваат малите бомби. Тие, пак, зависно од видот, експлодираат при контакт со тлото или пак се темпирани, со одбројување.

При експллозијата, секоја мала бомби исфрла огромен број на шрапнели во сите правци. Целта на касетната муниција, вообичаено, е да онеспособи пешадиски единици или тенкови.

 

Поврзани новости