689
Американскиот претседател Џозеф Бајден се очекува денеска да го забрани увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД, потврдуваат за Си-Ен-Ен, анонимни извори запознаени со одлуката.
„САД потегот ќе го повлечат еднострано, без европските сојузници, поради несогласувањата меѓу европските држави околу тоа дали да забранат руски енергенси. Земјите од ЕУ се значително поизложени на руските енергенси, отколку САД“, изјави еден од изворите.