513
САД и Кина се блиску до договор со кој ќе се укинат санкциите против кинескиот производител на мобилни телефони ЗТЕ, кои беа воведени поради тоа што компанијата ги кршела санкциите кон Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави дека се водат разговори за да и се помогне на кинеската компанија, која беше тешко погодена од санкциите и беше доведена на праг на банкрот. Според санкциите, американски компании не смеат да тргуваат со ЗТЕ, а особено не смеат да и продаваат високо технолошки производи, кои се неопходни за ЗТЕ:
Според американските медиуми, секретарот за финансии Стив Мнучин минатата недела постигнал усмен договор со кинескиот вицепремиер Лиу Хе да се укинат санкциите за ЗТЕ.