Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, предупреди на „можни последици“ доколку Црна Гора не ја реши повеќемесечната длабока политичка и институционална криза.
-Црна Гора е во многу длабока криза. Блиску е до институционален колапс каков што речиси никогаш не сум видел во ниту една земја. Влада нема. Две влади паднаа и немаше напредок во формирањето на уште една. Немаат кворум внатре во Уставниот суд, кој би можел да потврди нови избори. Може да се случи да немаат претседател да им го довери мандатот, да немаат влада да оди напред и Уставниот суд да ги одобри сите одлуки и да ги потврди резултатите од изборите – изјави Ескобар во интервју за Гласот на Америка.
Тој повтори дека главна задача е веднаш да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд, а потоа, како што вели, да се оди на избори.